петок, 26 јули 2024

Нацрт план на ЕУ: Собирање и складирање на стотици милиони тони емисии на јаглен диоксид до 2050 година

Европската Унија изработила нацрт планови за собирање и складирање на стотици милиони тони емисии на јаглерод диоксид до 2050 година за да обезбеди дека нејзината индустрија може да ги исполни европските цели во борбата против климатските промени, покажува нацрт документот.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Постигнувањето на целта на ЕУ за нулта емисија до 2050 година ќе бара од компаниите да преминат на зелена енергија и да ги сменат своите методи на производство.

За секторите во кои нема технологија тоа да се направи, нивните емисии на јаглерод диоксид ќе мора да бидат собирани, за да се избегне да отидат во атмосферата и да поттикнуваат глобално загревање.

До 2050 ЕУ ќе мора да собере до 450 милиони јаглерод диоксид годишно, покажува нацрт планот на Европската комисија, во кој увид имал Ројтерс.

„До истиот датум, повеќето преостанати емисии од индустријата на ЕУ ќе мора да бидат собирани и складирани, особено од секторот за цемент и хемискиот сектор“, се наведува во нацртот.

ЕУ во 2022 година испуштила 3,6 милијарди рони еквивалент на јаглерод диоксид, покажуваат официјалните податоци.

Повеќето јаглерод диоксид собран до 2050 година би бил трајно складиран под земјата. Дел би можел да се користи во индустриските процеси како производство на хемикалии.

Во нацртот се наведува дека 100 милиони тони јаглерод диоксид собран до 2050 ќе бидат од енергетскиот сектор, од централите кои работат на фосилни горива кои емитуваат јаглерод диоксид или од „биогените“ извори како органскиот отпад.

Крис Дејвис, директор за кампања на групата ЦСС Јуроп, кажа дека недостигот од политичка поддршка ја приморал ЕУ да го надоместува пропуштеното со развој на технологија. ЕУ нема оперативни проекти за складирање јаглерод диоксид.

Европската Унија одбила да го коментира нацрт документот, пренесува Блумберг.

Во нацртот се наведува дека изградбата на инфраструктура за собирање и складирање на јаглерод диоксидот во оваа деценија ќе бара и средства од ЕУ и средства од членките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ