петок, 18 октомври 2024

Националната арена добива нов терен, се поставува зелената подлога (ФОТО)

Работата на промена на тревната подлога на Националната арена „Тодор Проески“ е во полн ек, почна да се гледа „зелениот тепих“ на кој треба да ја пречекаме Англија.
 

Објавено на

часот

Сподели

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), информираат дека до крајот на оваа седмица ќе ги завршат активностите за поставување на нова, хибридна подлога на Националната арена „Тодор Проески“.

„Хибридната трева од најновата генерација е поставена на Националната арена по околу еден месец  работа, која опфати отстранување на претходната трева, поставување на новата подлога и целосно нов систем за одржување и наводнување на тревникот“, велат од ФФМ.

„На новиот тревник, најпрвин се работеше на поставување на вештачката површина, а потоа следуваше сеење на тревата, чии корени потоа се поцврсти и поиздржливи. Природната трева создава густина и компактност, поради што во сезоната на најсилна вегетација разликата е практично невидлива. Во сезоната на најслаба вегетација, односно во декември, јануари и февруари, односот е приближно 70-30 во корист на природната трева, додека во сезоната на полна вегетација, односот се зголемува. Поставувањето на хибридна подлога би можело да биде ефикасно решение, се разбира доколку правилно се одржува и се искористува на пропишанот начин“, стои во соопштението од ФФМ.

s

s

„Драго ми е што ќе ја видиме Националната арена „Тодор Проески“ во ново руво. Ова е уште еден доказ дека инвестициите во инфраструктурата се фундаментален дел од нашиот пристап кон развојот на македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија помага и ќе помага и во иднина, наша обврска е да инвестираме во инфраструктурата која е основа на успехот на нашиот фудбал“, вели претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Би сакал да им се заблагодарам и на одговорните во Јавното претпријатие кое стопанисува со Националната арена за реализацијата на овој проект. Фудбалот и репрезентацијата ова го заслужуваат. Со нетрпение го очекуваме претстојниот натпревар против Англија на новата трева на Националната арена и верувам, пред полни трибини за поддршка на македонската репрезентација“. 

s

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ