петок, 26 јули 2024

Национален парк Шар Планина и ПСУ Jахја Кемал склучија Меморандум за соработка 

Директорот на јавната установа Национален парк Шар Планина Ибрахим Дехари и директорот на ПСУ Jахја Кемал Исмаил Ердил потпишаа Меморандум  за соработка.

Објавено на

часот

Сподели

Соработката се однесува на едукативните активности за сите посетители и целни групи со цел да ги доживеат вредностите на националниот парк, обезбедувањето на информации и подигање на свеста за природните и културните вредности, едукацијата за целите на зонирањето на заштитеното подрачје, ограничувањата и мерките за заштита,  информирање, подигнување на јавната свест и едукација од Планот на управување на НП Шар Планина и врз основа на вредностите на ПСУ Jахја Кемал, обезбедување на квалитетно и модерно образование,  лојалност спрема етичките вредности, почитување на културните вредности,  како и мисијата на училиштето за воспитувње на учениците во среќни и успешни индивидуи кои ќе дадат придонес за целото општество.

Двете институции се договорија да соработуваат при аплицирање и спроведување на дополнителни проекти кои се од заеднички интерес. Низ процесот на заедничка соработка двете институции ќе градат меѓусебна политика и процедури кои ќе имаат за цел да го подигнат квалитетот на образованието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ