Соработката се однесува на едукативните активности за сите посетители и целни групи со цел да ги доживеат вредностите на националниот парк, обезбедувањето на информации и подигање на свеста за природните и културните вредности, едукацијата за целите на зонирањето на заштитеното подрачје, ограничувањата и мерките за заштита, информирање, подигнување на јавната свест и едукација од Планот на управување на НП Шар Планина и врз основа на вредностите на ПСУ Jахја Кемал, обезбедување на квалитетно и модерно образование, лојалност спрема етичките вредности, почитување на културните вредности, како и мисијата на училиштето за воспитувње на учениците во среќни и успешни индивидуи кои ќе дадат придонес за целото општество.
Двете институции се договорија да соработуваат при аплицирање и спроведување на дополнителни проекти кои се од заеднички интерес. Низ процесот на заедничка соработка двете институции ќе градат меѓусебна политика и процедури кои ќе имаат за цел да го подигнат квалитетот на образованието.