сабота, 27 јули 2024

Националноста нема да се впишува во матичните книги, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска го укина Упатството за водење на матичните книги кое предвидуваше при вадење документи од матичните книги граѓаните да се изјаснат на која националност и припаѓаат.

Објавено на

часот

Сподели

Со укинувањето на ова Упатство во иднина граѓаните нема да мораат да се изјаснат како се чувствуваат односно во документите од матичните книги нема да пишува на која националност ѝ припаѓаат.

„Уставниот суд оцени дека барањето на овој податок од  граѓаните при впушувањето во матичните книги е во спротивност со темелната вредност на слободно изразување на национална припадност, предвидена со член 8 став 1 алинеја 2 од Уставот. Овој член од Уставот вклучува не само право на поединецот слободно да одлучи да се изјасни за сопствената националност, туку и право  да не се изјасни по ова прашање вклучително и да ја промени декларираната националност, што не беше возможно со деловите од одредбите кои денеска се укинати.

Уставниот суд ја донесе одлуката поаѓајќи од фактот дека станува збор за приватно и внатрешно чувство на човекот и никој не може да биде принуден  тоа чувство да го манифестира во јавноста и уште повеќе да биде предмет на задолжително институционално администрирање во јавни исправи, со оглед дека Уставот преку член 18 ја гарантира тајноста и сигурноста на личните податоци на граѓаните.

Дополнително преку членот 25 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста, неговиот семеен и личен живот, на достоинството и на угледот.  Со оглед на денешната одлука, повеќе не постои правен основ во матичните книги за родени, венчани и умрени да се бара податок за националноста“, рече Христина Беловска, портаролка на Уставниот суд.

Иницијативата е поднесена во јули 2023 година од страна на политичката партија

Инаку, Упатството за водење на матичните книги во кое се предвидуваше изразување на националната припадност при вадење документи од матичните книги го потпиша министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај 2023 година. Во образложението за таквата одлука пишуваше дека со Упатството, Министерството за правда сака дастави крај на проблемотсо лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ