среда, 30 октомври 2024

Националната комисија за учебници има нов состав

Владата за нови членови на Националната комисија за учебници ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за образование и наука и Педагошката служба очекуваат дека со  новиот состав комисијата ќе го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и ќе биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја.

„Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ