Поради нападот се уапсени 15 осомничени. Утврдено е дека осомничените се членови на Унијата на турската младина, подмладок на националистичката опозициска партија Ватан. Властите спроведуваат истрага.
„Можеме да ги потврдиме извештаите дека припадници на американската војска од бродот УСС Восп денес беа жртви на напад во Измир и сега се на безбедно. Им благодариме на турските власти на нивната брза реакција“, порача преку мрежата Икс американската амбасада во Турција.
УСС Восп пристигнал во Измир вчера по завршувањето на заедничката вежба со турски бродови во Средоземно Море.
The Turkish Youth Union (TGB) put a sack on the head of an American soldier serving on the US warship (USS Wasp) anchored in the port of Izmir.
The group chanted the slogan “Yankee, go home!” pic.twitter.com/JxCLJ5ToPa
— Mehmet Şar (@mehmetsar_) September 2, 2024
Групата на која ѝ припаѓаат напаѓачите објави снимка од нападот на социјалните мрежи. На снимката се гледа како напаѓачите држат американски војник и му ставаат преку главата нешто што личи на бела вреќа. Напаѓачите извикуваат „Јенки, одете дома“.
„Никој нема да може да одговори на повиците на американските војници за помош. Вашите раце се извалкани со крвта на храбрите војници и илјадници Палестинци“, порача групата.