петок, 18 октомври 2024

Начевски и Николов ќе судат полуфинале на Олимписките игри

Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача на Олимписките игри во Париз, ќе судат полуфинален натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Македонците ќе ја делат правдата на мечот меѓу Германија и Шпанија кој се игра денеска од 16:30 часот. За нив ова ќе биде петти натпревар на игрите.

Интересно, Николов и Начевски на овие Олимписки игри веќе судеа дуел меѓу Германија и Шпанија, тој беше во групната фаза. Германците победија со 33-31.

Начевски и Николов претходно ги судеа натпреварите Данска – Норвешка, Хрватска – Словенија, Унгарија – Египет и Шпанија – Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ