Со ова нашата судиска двојка ќе влезе во историјата на ракометот бидејќи ќе ги комплетира финалињата на сите големи натпреварувања.
Претходно Начевски и Николов судеа финални мечеви на европски и светски првенства во машка и женска конкуренција, а свиреа и финале на Олимписките игри во Токио.
Финалето од Лигата на шампионите меѓу Алборг и Барселона почнува од 18 часот.