Уште едно признание за нашите судии, Начевски и Николов ќе бидат дел од овогодинешното издание на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите кој традиционално се игра во Келн, а таму ќе го судат најважниот натпревар, дуелот за пехарот.
Во првото полуфинале на 8 јуни ќе се соочат Магдебург и Алборг од 15 часот, а правдата ќе ја делат Шарлот Бонавентура и Јулие Бонавентура, додека во второто полуфинале од 18 часот кога ќе се сретнат Барселона и Кил, ќе судат Даниел Мартинс Акото и Роберто Мартинс Акото.
На 9 јуни од 15 часот ќе се игра мечот за трето место, а арбитри ќе бидат Адам Биро и Оливер Кис, додека најдобрите македонски судии Начевски и Николов ќе ја делат правдата во финалето кое е закажано од 18 часот.