недела, 20 октомври 2024

Началникот на ГШ на АРМ Лафчиски на конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага

Началникот на Генералштабот на aрмијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој е во тридневна работна посета на Чешката Република, денеска учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага. Во рамки на конференцијата, генералот Лафчиски активно учествуваше на дел од сесиите од ова заседание во дискусиите за прашања кои се од стратегиско значење за Алијансата.

Објавено на

часот

Сподели

На отворањето на коференцијата поздравни обраќања имаа претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, претседателот на Чешка и поранешен претседавач на ВК, Петр Павел и началникот на Генералштабот на вооружените сили (ВС) на Чешка, генерал-потполковник Карел Река.

За време на првата сесија на началниците на генералштабовите беше даден осврт на спроведувањето на одлуките донесени од сојузничките држави на Самитот во Вашингтон во јули. Додека Алијансата ја прославува 75-годишнината од своето постоење, лидерите на НАТО преземаат големи чекори за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната, зајакнување на долгорочната поддршка за Украина и продлабочување на глобалните партнерства.

Командантот на врховната сојузничка команда за операции, генерал Кристофер Каволи ги брифираше началниците на генералштабовите за напредокот на имплементацијата на плановите, кои Алијансата ја прават посилна во одвраќањето и одбраната од било кој потенцијален противник.

Како дел од пакетот за поддршка на НАТО за Украина, се разговараше и за формирањето на нова НАТО команда, која е дизајнирана да планира, координира и организира испорака на безбедносна асистенција.

Во третата сесија, врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, генерал Филип Лавињ, ги информираше учесниците за напредокот на трансформацијата на начинот на војување на Алијансата во согласност со НАТО процесот за одбранбено планирање (NDPP).

Началниците на генералштабовите разговараа за основањето на НАТО-Украина Центарот за заедничка анализа, обука и едукација (JATEC), важен столб на практичната соработка, за да се идентификуваат и применат лекциите од војната на Русија против Украина и да се зголеми интероперабилноста на Украина со НАТО.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно заседава во една од сојузничките земји членки, соопшти Генералштабот на АРМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ