сабота, 27 јули 2024

Началникот на Генералштабот на руската војска за прв пат во јавноста по бунтот на Вагнер (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На видеото, кое денеска го пренесе руското Министерство за одбрана, може да се види како Герасимов претседава со состанокот на кој е информиран за обидот на украинската војска да изврши ракетни напади во Русија и на полуостровот Крим.

За време на состанок, без одреден датум, друг висок воен функционер, генерал Виктор Афзалов, потврди дека противвоздушната одбрана соборила три украински ракети С-200 и додаде дека немало жртви или материјална штета.

 

 

Заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Герасимов (67) беше директно цел на кусиот бунт кој од 23 до 24 јуни беше предводен од водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Од тој неуспешен бунт, се шират гласини за наводна реконструкција во рамки на воената команда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ