недела, 19 мај 2024

Началникот на Генералштабот на Израел: Нападот на Иран мора да добие одговор

Началникот на Генералштабот на израелската војска Херци Халеви изјави денес дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го извршат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иранскиот напад со ракети и дронови, кажа Халеви, „ќе добие одговор“.

Тој тоа го кажа за време на посета на воздухопловната база Неватим, која, според Израел, претрпела помали оштетувања во нападот.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху се сретнал со највисоките функционери за да разговараат за можен одговор.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби не сакаше да одговори дали Соединетите Американски Држави се известени за израелските планови за одговор.

„Ќе ги оставиме Израелците да разговараат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес на донесување одлуки за потенцијалниот одговор“, им кажа Кирби денес на новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ