Притоа, генералот Ѓурчиновски на нашите армиски припадници им порачал дека со несебичниот и безрезервен ангажман во вакви критични ситуации тие ја претставуваат во најдобро светло не само Армијата туку и татковината.
Тој го истакнали значењето на партнерството и солидарноста помеѓу двете Армии кои се резултат на одличните меѓусебни релации, но и на сојузништвото во рамки на НАТО, преку чиј механизам за помош и подршка при кризни ситуации беше спроведен ангажманот на нашите припадници.
Генералот Главаш, во своето обраќање исто така изразил признание и благодарност за ангажирањето и извршените работни задачи, кое претходно беше искажано и при поставувањето на мостот во Межица.
Во посета на македонските војници, заедно со началникот на Генералштабот биле амбасадорот Горан Милевски и командантот на командата за операции, бригаден генерал, Бесник Емини,
За време на престојот во Межица, биле посетени дел од местата каде во досегашниот период се ангажираа нашите армиски припадници.
На денешната средба било соопштено дека за два дена македонскиот контингент ќе се врати во Македонија, благодарејќи на експедитивноста и исполнување на сите задачи согласно Планот за ангажирање на земјата домаќин за санација на најкритичните места и места од витално значење.
Сто припадници на македонската Армијата се ангажирани во помош во справувањето со последиците од поплавите во Словенија во Межица, Чрна на Корошкем, Жерјав и Превалје, при што извршуваат повеќе задачи во расчистување на наноси од поплавите во витални објекти, спортски игралишта, улици, дом на културата, приватни сместувачки капацитети, но и при поставувањето на мостови.
За периодот на нивниот ангажман кон нив беа изразени пофални зборови од военото раководство на словенечката Армија но и од страна на министерката за информатичко општество Емилија Стојменова Дух, која е Македонка.
Во армискиот состав се припадници од повеќе потчинети единици од командата за операции и логистичката база, меѓу кои најголем број од вториот пешадиски баталјон и извидувачко разузнувачкиот баталјон, но и специјалистички тимови од инженерци за ракување со инженериски машини, лекари и болничари, припадници од единицата за АБХО.