Како што информира МВР, пријавениот на 12 јануари годинава во Кавадарци физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13 јануари С.Б. противправно присвоил една рамка и пет куршуми кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи и не ги вратил.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место“ – суспензија до завршување на дисциплинската постапка, посочуваат од МВР.