сабота, 27 јули 2024

На зајдисонце во Крушево концерт на данскиот бенд „Ефтеркланг“ заедно со „Македониум бенд“

Објавено на

часот

Сподели

Музичката група „Ефтеркланг“ (Efterklang) од Копенхаген, Данска, престојува на музичка резиденција во Скопје од 23 до 29 април, каде во текот на својот престој, во соработка со неколку локални музичари, работат на заедничка музика.

„Ефтеркланг“ е бенд кој досега настапувал три пати во земјава, со еден нивен самостоен концерт во Кино Фросина и два пати на фестивалот Здраво Млади во МКЦ.

„Македониум Бенд“, пак, го сочинуваат домашните музичари Мартина Баракоска, Дина Јашари, Јане Трајковски, Стефан Стојковски и Ива Дамјановски, како и Женскиот младински хор при МКЦ.

Концертот ќе почне во 17 часот, влезот е слободен, а проектот е поддржан од Гете институтот и од Министерство за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ