сабота, 27 јули 2024

На вонреден технички преглед од 53 возила 20 биле неисправни

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 7 до 12 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 198 санкции за сообраќајни прекршоци, информира МВР.

„При контролата, санкционирани се 22 возачи за возење без возачка дозвола, а седум возила биле со неисправен уред за сопирање. На вонреден технички преглед биле упатени 53 возила, а кај 20 биле констатирани технички неисправности. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ