сабота, 19 октомври 2024

На војската на БиХ ѝ стигнале закани од Бугарија дека се подготвуваат терористички напади на воени објекти

Поради заканувачки дојави за безбедносни и воени објекти во Босна и Херцеговина, оружените сили на БиХ го кренале нивото на готовност, потврдила за Аваз полицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дојавите стигнале вчера околу 15 часот, по што СИПА испратила допис до полициските агенции и компаниите кои се бават со производство на оружје да ги засилат мерките за безбедност поради можни напади.

Во тек се проверки на касарните и објектите на воената индустрија, се обидува да се утврди дали постои реална опасност, а СИПА интензивно работи на откривање на ИП адресата на лицето кое ги испратило заканите.

Аваз објави дека „постојат информации дека ќе бидат извршени напади на воени објекти и објекти на наменската индустрија“.

СИПА го проверува доменот преку провајдерите, за да се утврди кој стои зад пораките. За сè се известени службите, за да се крене нивото на безбедноста.

Повеќето заканувачки пораки, објави Аваз, стигнале во претходните денови преку домени од Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ