петок, 26 јули 2024

На вибер-група со 7.000 членови се споделувале решенијата за вчерашниот тест од државната матура

На Вибер група со речиси 7.000 членови се споделувале решенијата од испитот по мајчин јазик, објави редакцијата на Канал 5 повикувајќи се дека добила фотографии од групата.

Објавено на

часот

Сподели

На нив се гледа дека учениците уште пред почетокот на испитот го фотографирале тестот, а неколку часа подоцна почнале да се споделуваат и одговорите.

Од Државниот испитен центар потврдуваат дека се споделени прашањата, но не можат да потврдат дали тестот е пробиен претходно или по почетокот на полагањето.

Директорката на центарот Билјана Михајловска најголем дел од одговорноста за протекувањето на тестот ја гледа во самите тестатори.

„Некогаш се случува учениците да носат повеќе од 1 телефон, еден телефон да го остават на местото каде што треба а другиот да го задржат кај себе. Работа на тестаторот е да го забележи тоа. Мислам дека тука има многу улога и тоа тестаторот како ја завршил својата работа бидејќи мене ми е неверојатно некој човек кој е задолжен да надгледува 15 ученици воопшто да не забележи дека некој ученик го извадил телефонот, го фотографирал тестот, па добил текст, па го препишал цел текст од телефон, а притоа тоа да не се забележи воопшто“ изјавила таа за Канал 5.

За да нема препишувања од годинава државната матура се полага во големи простории и спортски сали.

Испитот по мајчин јазик започна вчера во 10 часот утринава и траел 3 ипол часа. Го нагледуваа околу 2.000 тестатори и 250 набљудувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ