среда, 12 јуни 2024

На вечерното финале меѓу Воска и Тиквеш ќе се користи ВАР технологија

На вечерашниот финален натпревар од Купот на Македонија меѓу Воска и Тиквеш ќе има и ВАР технологија која за првпат ќе се употреби на меч од македонскиот клупски фудбал, надежта е дека од следната сезона ќе се воведе во ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Конечно и во македонскиот фудбал ќе почне да се користи ВАР технологија, примената стартува од вечерашното куп финале.

„Воведувањето на ВАР технологијата е дел од програмата на Фудбалската федерација на Македонија, а овој проект го започнуваме од финалето во Купот на Македонија. Ги следиме сите потребни чекори и подготвивме проектен план со цел да го имплементираме и на натпреварите од Прва МФЛ. Исто така, го следиме и строгиот протокол воведен од ФИФА и ИФАБ. Ќе почнеме да ја користиме ВАР технологијата дури кога ИФАБ ќе ни потврди дека инфраструктурата, технологијата и судиите кои ја користат се целосно подготвени. Се надеваме дека во следната сезона ќе можеме да имплементираме ВАР технологија на натпреварите во МФЛ. Најважно е грешките да се намалат и елиминираат, но важно е да се запамети дека судијата на теренот сепак одлучува сè, а технологијата само му помага да ги погледне деталите“, изјави Игор Франговски, претседател на Комисијата за натпреварување во ФФМ и делегат на вечерашното финале во Купот на Македонија.

Вечерашното Куп финале меѓу Тиквеш и Воска се игра на Арената „Тодор Проески“ со почеток од 19 часот.

Главен судија е Александар Ставрев, ќе му помагаат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, четврти судија е Јован Качевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ