сабота, 27 јули 2024

На украинската војска ѝ недостасуваат луѓе, Зеленски ја спушта возраста за мобилизација на 25 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша нацрт-закон со кој се предвидува спуштање на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години, додека на вооружените сили им недостасуваат луѓе за да се спротивстават на руската инвазија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој нацрт-закон, кој беше изгласан уште пред една година во украинската Рада и се чекаше на потписот на претседателот, ќе стапи во сила утре, се наведува на веб-страницата на парламентот.

Украинската влада потоа мора да ги усогласи различните регулаторни текстови со новата возраст за мобилизација во рок од шест месеци.

Украинската војска претрпе загуби, чиј обем се чува во тајност, а денес, за разлика од почетокот на конфликтот, се бори да најде доброволци за фронтот.

Во декември 2023 година, Зеленски рече дека војската му понудила мобилизација на до 500.000 дополнителни луѓе, а новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирскиј, оттогаш го намали тој број.

Сегашниот систем на регрутирање многу Украинци го сметаат за неправеден, неефикасен и често корумпиран, а има и барања за демобилизација на оние кои долго време се на фронтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ