Според Конкурсот на УКИМ, 5.074 места се наменети за редовни студенти во државна квота т.е. кои се финансираат од буџетот, 4.439 места се за редовни кои плаќаат школарина и 960 слободни места има за вонредни студенти.
Како и во минатите години, надоместот за студии во државна квота е 200 евра и 400 евра за студентите што ќе се запишат со кофинансирање на студиите и за вонредните студенти.
Првиот рок за пријавување на кандидатите е 30 и 31 август, вториот рок е 18 и 19 септември и третото пријавување, на факултетите на кои ќе има слободни места, е 28 септември.
Во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ (www.ukim.edu.mk) се наведени условите и критериумите за запишување, документите што се потребни за пријавувањe, како и пресметка на поените од успехот постигнат на државната матура.