Тогаш Ердоган ја увери јавноста дека влезниците ќе бидат укинати и дека споменикот на културата ќе биде отворен за сите – муслимани и немуслимани.
Од 15 јануари ќе има уште една голема промена: влезот во Аја Софија ќе биде ограничен и посетителите повторно ќе треба да плаќаат.
Турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој се надева дека промената ќе доведе до подобар соживот меѓу верските и туристичките посетители. Последните неизбежно создаваат врева и го нарушуваат мирот и молитвата, изјави неодамна Ерсој.
Досега туристите и верниците можеа заедно да влегуваат во внатрешноста на Аја Софија, со бариери и патокази кои одржуваа одредено растојание.
Но, од средината на јануари верниците и посетителите ќе имаат посебни влезови. Додека верниците ќе можат да ги користат постоечките влезови, туристите ќе се воведуваат преку галеријата на катот.