четврток, 24 октомври 2024

„На точак“ бара воведување на бајк бокс низ скопските улици, битолчани повеќе пешачки зони

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа обезбедува видливост и предност при продолжување право или на вртење лево, како што прават колите, не како пешаците и велосипедистите што се приморани да чекаат два-три семафори за да продолжат лево на раскрсница со семафор. Ни текнуваат стотина раскрсници во Скопје на чии семафори се потребни вакви бајк боксови. За почеток Орце Николов со Рузвелтова или Ленинова со Илинденска каде семафорот трае прекратко за пешаци“, велат од „На точак“.

Оттаму бараат помош од скопјани да кажат во кој дел од грдот  има потреба и може да се воведе бајк боксот.  

А од „Битола на точак“ денеска на својата фејсбук страница објавија дека општината треба да носи и непуларни одлуки „како онаа во Љубљана со 40 отсто поддршка“, а се однесува на воведување пешачки зони во централното градско подрачје. Според оваа невладина денес идејата за пешачи зони во главниот град на Словенија, Љубљана, истата идеја има 96 отсто поддршка.
 
н
 
„Единствен позитивен пример од кај нас е само Широк Сокак кој некој некогаш од зона за моторни возила го претворил во пешачка зона, тогаш и без никакви консултации или мерење рејтинзи во јавноста. Но денес нема прав битолчанец кој би сакал враќање на претходното решение за улица за моторни возила.  Затоа ако сакаме да се радуваме ние и нашите деца на убавините на Битола во следните 20-40 години потребни се храбри одлуки денес“, велат од „Битола на точак“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ