Титаник потона на своето прво патување откако удри во санта мраз во Атлантикот. Во таа прилика загинаа над 1.500 луѓе.
Ѓерданот е направен од мегалодон заби, џиновска праисториска ајкула и мала количина злато. Ја пронашле членовите на организацијата „Магелан“. Инаку, оваа организација се занимава со подводни истраги и мапирање на морското дно.
Ѓерданот бил случајно пронајден за време на снимањето на потонатиот брод Титаник за потребите на документарен филм.
„Пронајдениот ѓердан е луксузно убав, а ваквите откритија го одземаат здивот“, изјавил Ричард Паркинсон, извршен директор на организацијата „Магелан“, пишува Индепендент.
Инаку, мегалодон е вид кој исчезнал пред 3,6 милиони години. Некои примероци биле долги и до 18 метри. Тие биле побрзи од која било жива ајкула денес и доволно големи за да изедат орка во само пет каснувања.
Ѓерданот се уште е во урнатините бидејќи САД и Велика Британија треба да дадат посебна дозвола за да го извлечат од потонатиот брод.