Возилото со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин поради основано сомневање е селектирано за детален преглед, при што се пронајдени 120 кутии по 250 грама ароматизиран тутун за наргиле, кои лицето не ги пријавило.
Со ова е спречен обид на пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки во износ од над 65 илјади денари.
Стоката е привремено задржана, а против лицето се поднесени соодветни пријави до надлежните институции, соопшти Царинската управа.