понеделник, 28 октомври 2024

На Табановце се чека триесетина минути, зголемена фреквенција и на Богородица

Од Авто мото сојузот на Македонија информраат дека зголемена фреквенција возила утрово има на граничните премини Табановце и Богородица, за излез и влез во земјава. Според Авто мото сојузот на Србија, за влез во Србија од Македонија на Прешево, преку Табановце, се чека околу 30 минтуи, колку што отприлика се чека и за влез во Македонија.

Фото: Состојба на Прешево, Србија

Објавено на

часот

Сподели

Од АМСМ велат дека на другите гранични премини нема подолги задржувања и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека до 31 автуст на државните патишта важи забраната за тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, а за распоредот и термите за возење може да се прочита на следниот линк на АМСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ