петок, 13 декември 2024

На Светскиот ден на здравјето лекарите реагираат: Ајде и нашите плати да бидат како функционерските

Објавено на

часот

Сподели

Овој пат Беќаровски реагира на актуелното зголемување на платите на функционерите.

Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 долари годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 долари годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 долари за пластичните хирурзи. Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.

Светската здравствена организација (СЗО) по повод својата 75-годишнина, денеска предупреди на растечкиот јаз во персоналот во глобалниот здравствен систем.

До 2030 година ќе има недостиг од околу 10 милиони професионалци ширум светот, изјави во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Додека светот закрепнува од пандемијата на ковид-19, ги повикуваме сите земји да ја заштитат и инвестираат во својата работна сила за здравје и грижа. Едноставно кажано, нема здравје без здравствени работници, рече Тедрос.

Од почетокот на пандемијата, секторот доживеа проценета стапка на исцрпеност од 50 проценти меѓу персоналот. Дури и пред ова, многумина мораа да работат за премали плати и во небезбедни услови, нагласи шефот на СЗО.

Покрај тоа, додека жените сочинуваат речиси 70 проценти од здравствените работници, тие сочинуваат помалку од една четвртина од менаџерите и често биле изложени на насилство на работа, рече тој.

СЗО е основана на 7 април 1948 година, кога стапи во сила уставот на СЗО. Оттогаш, очекуваниот животен век драстично се зголеми во светот, нагласи Тедрос, додека смртноста на мајките и доенчињата нагло се намали во последните децении. Постигнати се големи успеси во борбата против маларијата, туберкулозата и ХИВ.

 

Македонското лекарско друштво денеска организира свечен собир по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април.

Како што соопштуваат од Македонското лекарско друштво, темата на годишниот настан е „Здравје за сите”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ