сабота, 27 јули 2024

На сред лето Струга ќе нема вода за пиење од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро

Објавено на

часот

Сподели

Таквата одлука, како што изјави за МИА директорот на претпријатието Дашмир Насуфи е поради злоупотреба на водата од водоснабдителниот систем во вечерните часови и затоа рестрикциите ќе бидат после полноќ. Ограничувањето, нагласи, ќе трае до стабилизирање на состојбата.

„Иако издашноста на изворите е висока, 471 литар во секунда, поради високите температури и големата злоупотреба на водата за пиење воведуваме рестрикции да не дојде до проблеми при водоснабдувањето“, истакна Насуфи.

Тој најави дека комуналните инспектори во координација со полицијата од вечерва ќе продолжат со теренски контроли за откривање на слуачи на злоупотреба.

„За корисниците кај кои ќе се констатира злоупотреба на вода за пиење или незаконска употреба, ќе се преземат законски мерки согласно член 44 став 1 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води. Податоците на овие корисници, без да се прекрши Законот за заштита на личните податоци, ќе бидат објавени на веб-страницата на претпријатието“, истакна Насуфи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ