понеделник, 15 април 2024

На скопскиот аерoдром од денеска до ноември три часа порано за чекирање на багажот

Од денеска до крајот на ноември патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат три часа пред летот. 

Објавено на

часот

Сподели

Од „ТАВ Македонија“ во петокот информираа дека авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж.

„Почнувајќи од 9-ти октомври понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет“, стои во соопштението. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ