вторник, 12 ноември 2024

На сите 8 закони за коридорите ВМРО-НП ќе поднесе амандмани, најави пратеникот Балкоски

Објавено на

часот

Сподели

„Истакнуваме дека меморандумите со државите низ кои што поминуваат европските коридори 8 и 10, се потпишани во 2001 и 2002 година, со што тогашната Влада на премиерот Љубчо Георгиевски се определи Македонија да биде членка на Европската транспортна мрежа. Затоа, доставуваме предлог до Владата за изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 8 и од Куманово до граничниот премин Деве Баир, затоа што предлог законот го дефинира само делот од Тетово до ГП Ќафасан, а не целиот Коридор 8. Исто така и изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 10д од Велес – Прилеп – Битола до граничниот премин Меџитлија. На ваков начин ќе добиеме целосно решение наспроти сегашното партијално и компетирање на Коридорите 8 и 10 низ државата“, рече Балкоски.

Балкоски побара Владата да објасни зошто надлежните министерства не се подносители на овие предлог-закони, затоа што, како што рече, на таков начин се постигнува поголема транспарентност и учество на конкретните министерства кои ги имаат ингеренциите во споведувањето на законите. Тој рече дека при работата на собраниските комисии предлагаат овие предлог-закони да се повлечат и Владата да биде предлагач на овие предлог-закони.

ВМРО-Народна партија побара Владата да го објави Договорот со конзорциумит Бехтел и Енка или да го презантира на коморите, стручните здруженија и невладини организации од оваа дејност.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ