сабота, 27 јули 2024

На Сицилија измерена највисоката температура забележана во Европа

Светската метеоролошка организација (СМО) ја потврди денес како највисока температура постигната на европскиот континент од 48,8 Целзиусови степени забележана пред две години на италијанскиот остров Сицилија, по долгиот протокол на проверување на податоците и употребените средства за мерење за да се обезбеди научната вредност на тој податок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според тврдењата на СМО, рекордно високата температура на Сицилија е забележана на 11 август 2021, кога температурите беа високи во поголемиот дел од Европа, што поттикна загриженост за климатските промени предизвикани од човечка активност.

„Меѓународниот панел научници, експерти за атмосферата, ја провери температурата регистрирана во автоматизираната метеоролошка станица во Сиракуза, на Сицилија во Италија“, соопшти СМО, агенција на Обединетите нации.

Претходниот температурен рекорд во Европа беше 48 степени, регистриран на 19 јули 1977 во Атина и Елефсина во Грција.

Тој рекорд, кој го призна СМО, не е независно проверен, како овој рекорд во Италија.

СМО ги проверува детално податоците како употребените инструменти и условите во кои се регистрирани податоците, пред да потврди некој рекорд, што објаснува зошто новиот рекорд е потврден дури две и пол години подоцна.

„Така деталната проценка ни дава сигурност дека нашите светски податоци за температурата се правилно измерени“, кажа известувачот за климатски и метеоролошки екстреми при СМО, американскиот географ Рендал Кеверни.

Тој укажа дека „истрагата покажува алармантна тенденција кон продолжување на бележење на рекордно високи температури во одредени делови на светот“.

Резултатите на истрагата спроведена од панелот експерти се објавени во магазинот Интернешнал џурнал оф климатолоџи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ