сабота, 27 јули 2024

На северот на Косово осамнаа графити „Кога војската на Косово ќе се врати“ (ВИДЕО)

Во четирите општини на северот на Косово, каде што живее српско население, осамнаа графити со натпис „Кога војската на Косово ќе се врати, Северна бригада живее“.

Принскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Заменик директорот на полицијата за регионот север Ветон Ељшани за Радио слободна Европа кажа дека обвинителството отворило случај за „ширење омраза“.

Тој додаде дека засега не се знае кој ги пишува графитите.

Владата на Косово организацијата Северна бригада, заедно со Цивилна заштита, ја прогласи за терористичка на крајот на 2023 година.

Се верува дека овие две организации дејствуваат на северот на Косово и бројат стотици припадници од редовите на српската заедница.

Ова не е прв пат Северна бригада да потпишува графити на Косово, а некои од нив гласеа „Не грижете се, тука сме, чекаме“.

Десетина дена пред инцидентот со полицијата на Косово со група локални Срби во местото Бањска кај Звечан, во Северна Митровица исто така осамна графит „Кога војската на Косово ќе се врати“.

Графит со идентичен натпис од средината на минатата година се појавува и низ градовите низ Србија, а го пишуваат навивачите на фудбалскиот клуб Црвена звезда.

Новите графити на Косово се појавија во екот на незадоволство на српската заедница по одлуката на централната банка на Косово еврото да биде единствено средство за плаќање, со што се укинува српскиот динар. Србите на Косово имаат разни примања од буџетот на Србија, токму во динари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ