петок, 26 јули 2024

На северот на Косово е отворен еден административен премин

Еден од двата административни премини со централна Србија на северот на Косово, Брњак, е отворен во денес, 4 октомври, потврди заменик директорот на косовската полиција за регионот север Ветон Ељшани.

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, другиот премин Јариње е сè уште затворен поради пребарувањето на теренот во тој регион.

„За Јариње сè уште нема наредба да се отвори“, кажа Ељшани.

Двата премини се затворени од 24 септември, кога група локални Срби се судрија со косовската полиција во селото Бањска во општината Звечан.

Тогаш настрада еден косовски полицаец, додека потоа беа убиени тројца косовски Срби.

Приштина за настанот ја обвини Србија, а официјален Белград ги отфрли обвинувањата со објаснување дека косовските Срби „се бунтуваат против теророт на (косовскиот премиер Аљбин) Курти“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ