сабота, 27 јули 2024

На рестораните во Шпанија им е дозволено да наплаќаат дополнително за маса „на сонце или во сенка“

Властите во шпанскиот автономен регион Андалузија донесоа одлука дека рестораните имаат законско право да наплаќаат дополнително за маси на сонце или во сенка, под услов клиентите да бидат соодветно информирани за повисоките цени пред да нарачаат, пишува Олив прес.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Известувањата за повисоки цени може да се даваат преку менито, ценовникот или да се рекламираат на некој друг начин, додека самата вербална порака до посетителот нема да биде доволна.

Воедно, се појаснува дека нема да има посебна такса за маса со одреден поглед или локација на менито, туку на рестораните ќе им биде дозволено да наплатуваат дополнителен надомест за секое јадење кое се служи во одредени делови од објектот, доколку тоа е јасно наведено во ценовникот.

Портпаролот на здружението на потрошувачи Рубен Санчез изјави дека рестораните не можат да наплаќаат „10 евра повеќе“ за маса на терасата.

„Сепак, на рестораните и баровите им е дозволено да наплаќаат повеќе за секое јадење што се служи на терасата се додека тоа е јасно наведено во ценовникот“, рече Санчез, додавајќи дека рестораните не можат да наплаќаат такса за резервација на маса, а ако наплаќаат, тој износ мора да се отстрани од конечната сметка.

Санчез, исто така, рече дека од гостите не треба да се бара да купуваат флаширана вода бидејќи водата од чешма мора да биде достапна.

За бакшишот, Санчез изјави дека одлуката дали да се остави бакшиш е на гостинот, што значи дека задолжителната дополнителна „такса за услуга“ е незаконска.

Правилата исто така значат дека рестораните не можат да нудат менија само преку Кју-ар код, бидејќи „не секој има паметен телефон кој може да чита Кју-ар кодови“.

Претходно, властите во градот Севилја, главниот град на Андалузија, објавија планови за ограничување на влезот на туристи во централниот градски плоштад Плаза де Еспања.

Жителите на градот и покраината, како и досега, ќе можат да влезат таму без ограничувања, но туристите ќе можат да влезат на главниот градски плоштад само со плаќање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ