среда, 30 октомври 2024

На Рен му беше поништен гол поради правило кое речиси никој не го знае (ВИДЕО)

Рен се израдува на гол во 101. минута од натпреварот против Виљареал, тоа беше погодок за прво место во групата, но ВАР го поништи поради правило со кое можеби публиката и првпат се среќава.
 

Објавено на

часот

Сподели

На Рен му беше доволен бод за да остане на првото место, но Виљареал го доби мечот и како лидер ја мина групната фаза во Лига Европа.

Тоа немаше да биде така ако голот кој го постигна Рен во 101. минута беше регуларен. А така изгледаше.

Пред да се случи голот, Енцо ле Фе изведе слободен удар, ја погоди пречката, а одбиената топка дојде до него без никој претходно да ја допре топката.

Видеото може да го видите на овој ЛИНК.

Правилото кое изгледа бизарно, гласи дека играчот кој го изведува слободниот удар, ако ја погоди рамката од голот, не смее прв да игра со одбиената топка. Доколку никој пред него не ја допре топката, се суди индиректен удар.

s

Ова не го забележаа ниту судиите на терен, но ВАР реагираше и го поништија погодокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ