петок, 10 јануари 2025
Собрание

На работ на кворум, пратениците го изгласаа предлог Законот за експропријација според желбите на „Бехтел и Енка“

Објавено на

часот

Сподели

Според измените сега државата ќе може да им плаќа отштета и за бесправно изградените објекти на земјиште кое ќе треба да се експроприра за изградбата на Kоридорот 8. На сопствениците на тоа земјиште ќе им биде потребен само имотен лист за таа парцела и доказ дека претходно било поднесено барање за легализација на дивоизградениот објект.

Државата ќе може да присвојува, да купува, по пазарни цени утврдени од овластен проценувач, согласно Законот за процена.

И за земање под закуп на земјиште за потребите при изградбата на делниците, по раскинувањето на договорот за закуп, односно по завршувањето на изградбата на автопатите, на сопствениците би им се вратило земјиштето. А закупот ќе биде според реалната цена за земјиште под закуп во даденото подрачје.

Подносителите на овие измени, пратениците на ДУИ, велат дека проектот е од стратешко национално значење за Македонија, па затоа неопходни биле ваквите измени.

За експропријација државата веќе процени дека ќе бидат потребни 300 милиони евра од Буџетот, надвор од проценетата вредност на проектот од 1,3 милијарди евра.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. Тие најавија суштински амандмани по кои што ќе се дебатира и за кои што ќе бара слух од јавноста.

„Во јавноста алармот е вклучен на најјако. Граѓаните, експертите, невладините, медиумите, реагираат гласно и реагираат со право. И се додека во овој, во суштина теоретски добар инфраструктурен проект е обременет со сомнежи и координатори на проектот од типот на Артан Груби, се додека се бира надзор на сомнителен и матен начин, се додека се доставуваат закони во Собрание во петок за понеделник, се додека пратениците се потпишуваат на овие законски решенија за процедурата, а не Владата која што бега и која што на чуден начин се потргнува од одговорноста ќе провејува фактот дека сомнежите со желба за корумпирање, криминал и матни зделки ќе бидат дел од овој проект“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Собраниската седница за уште осум предложени законски измени продолжува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ