сабота, 19 октомври 2024

На Приштина ѝ се заканува исклучување од ЦЕФТА поради забраната за увоз на српска роба

Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин изјави дека Приштина би можела да се соочи со исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и други казни, доколку продолжи да забранува увоз на роба од Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Косово би можело да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија и други казни, ако продолжи да го забранува увозот од Србија“, кажа Сарацин.

Германскиот претставник два пати ја посети Приштина во последните неколку месеци, а германскиот амбасадор во Приштина Јерн Роде на 5 септември кажа германскиот претставник за време на својата втора посета го повикал косовскиот премиер Аљбин Курти да ја укине забраната воведена во јуни 2023 на увоз на производи од српско потекло, затоа што, како што кажа, ја блокира слободната трговија во регионот и ја опструира ЦЕФТА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ