сабота, 27 јули 2024

На Попова Шапка локализиран е пожарот кај Лисец, активен е кај Вешала

Центарот за управување со кризи информира дека активен е пожарот над селото Вешала во Општина Тетово. Пожарот е на непристапен терен, гори сува трева и папрат. Гаснењето и состојбата се следи во комуникацијата со надлежните од Националниот парк. Пожарот кај Лисец беше брзо изгаснат.

Објавено на

часот

Сподели

Според ЦУК, пожарот кај Лисец избувнал покрај влезот на селото. Горела ниска вегетација и ниви од приватен имот. Интервенирале мештани од селото и тим од двајца вработени од Националниот парк. Интервенирале и пожарникарите од Тетово.
Од Националниот парк Шар планина, по 17 часот, известија дека пожарот е локализиран.
Од НП информираат дека утре, во раните утрински часови, ќе испратат екипа за гаснење на пожарот кај село Вешала.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ