сабота, 19 октомври 2024

На Пониква се одржа Меѓународниот влашки етнофестивал За Петровден сите на планина

Објавено на

часот

Сподели

Во програмскиот дел настапија стотина учесници од домашни фолклорни групи и друштва, а имаше и гости од Романија кои се претставија со песни и игри од богатата влашка традиција и култура.

„Нашите предци, кои во овој регион чувале стада овци, токму за празникот Петровден се собирале на Пониква, ги договарале и организирале, свршувачките, свадбите и другите веселби, а ние денес симболично ја продолжуваме таквата традиција. Нашиот етнофестивал е единствен на Балканот што ги собира Власите од државите во кои тие живеат и го организираме со сопствени средства и спонзорства, а за жал годинава изостана поддршката од Министерството за култура. Исто така, медиумски недоволно сме покриени затоа тоа што и јавниот информативен сервис, кој во изминатите години редовно информираше, веќе не го прави тоа. Се прашуваме дали некому пречи негувањето на влашката традиција и култура, иако сме граѓани на оваа држава. Редовно имаме гости од Бугарија, Србија и Албанија, но во последен момент ни откажаа, а дојдоа само нашите пријатели од Романија“, истакна Драги Костов – Кајче, раководител на влашката пејачка групоа Грамостеањ.

На отворањето на фестивалот, присутните учесници и гости ги поздрави градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој нагласи дека Општината дава целосна поддршка етнофестивалот да продолжи и во иднина, нагласувајќи ја важноста на културната, економската и другата соработка меѓу сите етнички групи во државата и пошироко.

Традиционалниот влашки етнофестивал е дел и од културните содржини на програмата чиј организатор е Општина Кочани, во рамки на одбележувањето на верскиот празник посветен на Свети Петар, заштитникот на градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ