сабота, 21 декември 2024

На полноќ Скопје беше петти град во светот според аерозагаденоста

На полноќ Скопје се искачи на петтто место во светот според загаденоста на воздухот и доминацијата на штетните и канцерогени ПМ честички, покажа интернет страницата Ервижуал која го следи квалитетот на воздухот во големите и главни градови. Состојбата е лоша во Струмица и уште полоша во Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Тивкото и студено време во ноќните часови, кога под полна „пареа“ работат печките во домовите , како и индустријата и сообраќајот, придонесоа повторно Скопје да се  искачи меѓу првите десет градови во светот на листата на Ервижуал, односно на петто место на таа листа составена од 100 граодви.

Дека возухот е нездрав во Скопје потврдува и интернет страницата waqi.info, која ги регистрира и Струмица на приближно рамниште, но и Кавадарци каде воздухот е дефиниран како многу нездрав. Не е добар воздухот ниту во Велес.

Временската прогноза најавува студено утро и невообичаено висока температура во текот на денот за овој период од годината, затоа треба да се очекува воздухот и овојпат да го расчисти природата.

А кој друг?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ