петок, 27 декември 2024
Политико

На погребните компании им е забрането да извршат погреб и комеморација за Навални, вели неговиот тим

„На едно место директно ни беше кажано дека на погребните компании им е забрането да работат со нас“, рече прес-секретарката на Навални, пренесува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални во вторникот обвини дека на погребните агенции им е забрането да соработуваат со семејството и со поддржувачите на дисидентот за неговиот погреб.

„Од вчера бараме место да ја одржиме прошталната церемонија за Алексеј. Контактиравме со различни приватни и јавни погребни компании, комерцијални локации и погребни салони“, рече прес-секретарката на Навални, Кира Јармиш.

Целта на тимот на Навални е до петок да организира отворен настан. Сепак, „На едно место директно ни беше кажано дека на погребните компании им е забрането да работат со нас“, додаде Јармиш.

Семејството на опозицискиот лидер, за кој беше објавено дека колабирал и починал на 16 февруари по прошетката во казнената колонија на Арктикот, долго време од руските власти бараше пристап до посмртните останки на Навални.

Телото му беше предадено на семејството дури една недела по неговата смрт, на 24 февруари. Семејството на Навални ги обвини властите дека им дале ултиматум деталите за погребот да останат приватни, а мајката на Навални да ги чува во тајност летот со кој неговото тело ќе биде донесено во Москва и адресата на мртовечницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ