сабота, 27 јули 2024

На Плетвар загина мотоциклист од Прилеп во судир со камион

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај место викано „Карпачов камен“ на Плетвар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило фолксваген крафтер со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од с.Арачиново, скопско и мотоцикл БМВ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп.

Во несреќата, од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР.   

Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ