Како што е познато, Пендаровски по изборите уште еднаш соопшти дека нема да ја користи пензијата што по закон му следува како поранешен претседател и најави дека се враќа како професор на Американ колеџ каде ќе ја заработува платата и рече дека се откажува од привилегиите. За тројца вработени од својот претседателски кабинет Пендаровски побара од државата просторија и рабортен ангажман за подготовка на учество на настани во земјава и светот кои ќе ги има како поранешен шеф на држава.
Комисијата за избори и именувања на денешната седница прифати 29 барања за апанажа на пратеници од претходниот парламентарен состав 2020-2024. Против предлогот да се дава апанажа беше само пратеникот од Левица, Борислав Крмов. Рокот за поднесување барања за апанажа се уште не е завршен.
Претседателот на комисијата Ѓорѓија Сајковски информираше дека потпишал барање за престанок на апанажа на Оливер Спасовски и Весна Бендевска поради тоа што станале пратеници.