сабота, 27 јули 2024

На Пелистер му треба гондола, вели битолски советник и по костум се спушти од врвот на Баба

Пелистер треба и мора да добие гондола, која ќе го направи најстариот Националнен парк атрактивна туристичка дестинација. Гондола која ќе овозможи превоз до повеќе локации на Баба Планина, гондола која ќе им даде можност на сите домашни и странски посетители да уживаат во природните убавини, вели советникот од редовите на Поинаку во битолскиот Совет на Општината, Иван Чулакоски, кој облечен во костум се спушти од Пелистер прикажувајќи ги убавините на снежна Баба Планина.

Објавено на

часот

Сподели

На Чулаковски е иницијативата заради која по четврти пат се спуштил по костум од врвот на Пелистер.
„Оваа година за Гондола на Пелистер која е едногласно изгласана од сите советници, но градоначалникот на Општина Битола , Тони Коњановски не сака да ја започне постапката за досега најголемиот проект за развој на туризмот и економијата во Битола и регионот”, вели тој и додава дека веќе се издвоени финансиски средства за изработка на физибилити студија, но дека не е започната никаква постапка за реализација.
Како изгледа „слаломот“ на Чулаковски погледнете на линкот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ