недела, 20 октомври 2024

На осомничениот за пукањето кај Младеновац му е одредено задржување до 48 часа

Објавено на

часот

Сподели

21-годишниот У.Б. во тој рок ќе биде одведен во Вишото јавно обвинителство во Смедерево на сослушување.

Постапката за злосторството во Младеновац ќе го води Вишото јавно обвинителство во Смедерево, јавува Танјуг.

Првото убиство, во кое биле убиени пет од осум лица, се случило во село на нивната територија на надлежност.

У.Б. беше уапсен утринава околу осум часот кај Крагуевац, во селото Вињиште.

Српските медиуми јавија дека осомничениот сам ѝ се предал на полицијата.

Освен У.Б. уапсени се и неговиот дедо и вујко, за тоа што го криеле осомничениот.

Министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ кажа претходно дека 13-те лица кои се повредени се во животна опасност, „бидејќи кај тие прострелни повреди никогаш не можете да знаете што точно е оштетено“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ