недела, 3 ноември 2024

На ОБСЕ му нема спас, самитот е за одредена група луѓе, а не за сите граѓани, оцени Лавров

Објавено на

часот

Сподели

„Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен за резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група луѓе, а не за сите граѓани“, рече Лавров на прес конференцијата.

Нема причини да се слави 30 годишнината на ОБСЕ затоа што, како што рече Лавров, ОБСЕ  е деградирана на сите полиња, а говорите на западните министри на Самитот во Скопје се доказ дека тие не ја научиле лекцијата.

„За Украина немаше реакции од Западот при спроведувањето на нејзината воена операција против Русите во Донбас од 2014 година, ниту санкции од Западот додека Украина не го признаваше Крим и Донбас. Лидерите на Западот ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ“, рече Лавров.

„Истите кои велат дека сега за првпат има војна на Европа по Втората светска војна, не сакаат да кажат дека  во 1999 година Белград беше уништуван со бомби на НАТО. На Западот нема ниту Д од деморратија“, рече шефот на руската дипломатија.

Тој е уверен дека Србија нема да отвори ново поглавје со ЕУ доколку не воведе санкции кон Русија.

„Ако Србија сака да влезе во ЕУ, мислам дека нема да отвори ново поглавје ако не ги следи сите одлуки на ЕУ, вклучително и санкциите против Русија. Тоа е начин на убедување од страна на ЕУ. Вака ги убедуваат Србите да прифатат Косово да стане членка на меѓународните организации. Дали е тоа реално“, праша Лавров. 

Зборувајќи за разговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, Лавров рече дека и по десет години од договорот за статусот на српските општини на Косово косовската страна категорично одбива да го исполни својот дел од обврските. 

„Дали ЕУ побара нешто од косовската страна? Не. ЕУ имаше барања само од српската заедница. Тие веќе донесоа документ, тоа се разликува и содржи различни принципи од она што беше договорено меѓу Белград и Приштина“, рече Лавров.

Според Лавров, не постои шанса за спас на ОБСЕ.

„Гледам како се прават напори за продолжување на ваквата агонија. Што ќе се добие со продолжување од неколку месеци, шест месеци или година. Организацијата се претвори во нешто, кон што сум индиферентен. Индиферентен сум за исходот од денешната сесија“, рече Лавров.

За  цело време на прес конференцијата, Лавров им делеше лекции на новинарите и ги опомена дека зборуваат додека тој има излагање, ги прашуваше  новинарите дали имаат диплома за новинарство, за потоа да ги повика пред да прашаат прво малку да истражат што се случило во Буча. Прашан кога Русија ќе ја прекине војната и ќе ја ослободи Украина, Лавров рече дека тоа е пропаганда, а не новинарство.https://mkd.mk/wp-content/uploads/2023/12/lg-1.gif

Новинарите кои што поставуваа прашања ги избираше портпаролката на руското МНР, а за дел од нив испраќаше фотографии до асистентките кои го даваа микрофонот.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров утрово од прес-конференција во Скопје му испрати порака на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека како кукавица избега завчера вечер од главниот град на Македонија за да не се сретне со него. Избега и шефот на британската дипломатија, рече Лавров и нагласи дека тој е уште тука и по два дена и ја чувствува топлината и гостопримството на македонскиот народ. Тој се осврна и на отстапките што Македонија ги направи еднаш со привремено име, вторпат со промена на името на државата. 

Според последните информации Лавров нема да присустува на завршната сесија на Министерскиот совет, на која треба треба да се донесат одлуките за функционирањето на ОБСЕ.

Говорот на Лавров вчера предизвика реакции кај останатите делегации. Некои од нив ја напуштија салата, а данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, откако Лавров си замина прокоментира дека „толку е од дијалогот“ и дека тој не може да се води во негово отсуство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ