среда, 18 септември 2024

На неполни четири месеци пред истекот, МВР потсетува за промена на возачките дозволи (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31 декември 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството ги повикува сите граѓани кои сѐ уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват истата, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31 декември 2024, без никакво доцнење и гужви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ