недела, 19 мај 2024

На неколку места нападнати полицајци

МВР информира дека во последните 24 часа при неколку интервенции на различни места полицајци се соочиле со напади или агресивно однесување од неколку лица.

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека во 01.30 часот по полноќ на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје  го привеле Д.А.(19) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Вчера во 16.20 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го привеле Ѓ.С.(49) од Берово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Вчера во 04.10 часот на Градскиот плоштад во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.И.(33) од Ресен затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Вчера во во 14.35 часот во с.Долна Матка, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.И.(46) од с.Шишево, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Против лицата кои нападнале полицаец или агресивно се однесувале кон нив од МВР велат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Синоќа во 21.58 часот во СВР Куманово, И.С. од село Отља, липковско, пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат со остар предмет од едно лице, при што се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 17.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.Партизанска во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С.(40) од Битола и Г.Т.(46) од с.Брод, општина Новаци. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Вчера во 14.10 часот во Полициската станица Центар, И.А.(41) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во Градски трговски центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ