петок, 26 јули 2024

На наплатната станица Глумово ќе се плаќа електронски и бесконтактно со картички

Активирана е електронската и бесконтактна наплата на патарините (М-таг и М-кард) на првата патарина од Коридор 8, односно наплатната станица Глумово, на автопатот Скопје – Тетово, информираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и најави воведување на системот и на втората патарина на автопатот Скопје – Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Ова, посочува Бочварски, се придобивките од иницијативата Отворен Балкан кои во делот на патарините за прв пат станаа достапни во јуни 2023 година со воведување на заедничкиот интегриран систем за електронската наплата на патарина меѓу Македонија и Србија.

„Граѓаните, возачите можат да поминуваат низ македонските и српските патарини без да застануваат – рампите се креваат автоматски штом се доближи возилото, а наплатата оди електронски. М-Таг и М-Кард може да се набават на наплатните станици на ЈПДП. Најавувам соработка и со Грција, со што во текот на следната година со таг од Северна Македонија ќе може непречено и без застанување да се поминува и низ патарините во Грција“, објави на својот фејсбук профил Бочварски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ